Дилер од Битола двапати му продал дрога на дете

Од:

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за продолжено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Осомничениот продавал наркотична дрога – марихуана на зависници во Битола, при што во два наврати му продал марихуана на дете кое не наполнило 14 години. При личен претрес на осомничениот на 20 март полицијата кај него пронашла 10,75 грама марихуана во две пакувања. Јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи за тоа постојат сите законски основи. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски