Диковски: Пченица има повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога немаше криза

Од:

Пченица има доволно и снабдувањето е во најдобар ред, а што е можеби и поважно домашното производство е зголемено. Сите лажни вести и дезинформации на ВМРО-ДПМНЕ, преку кои се обидуваат да ја вознемируваат јавноста паднаа во вода рече на прес конференција членот на комисијата за земјоделие на СДСМ, Трајан Диковски.

– Во последните години не само што производството на пченица не е намалено, тоа е и значително зголемено во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога немало криза. Ако пред пет години, во 2017 година, домашното прозиводство на пченица било 195.888 тони, тоа во 2021 година изнесувало 253.674 тони. Тоа се 50.000 тони повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ, домашна произведена пченица во време на пандемија, енергетска криза и сл. Месо исто така има доволно, Владата и надлежните институции предводени од СДСМ преземаат мерки за унапредување на домашното производство на месо, вели Диковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?