ДИК започнува со случаен избор на членови на избирачките одбори

Од:

Избирачките одбори кои ќе ги спроведуваат Локалните избори 2017 од денеска до 25 август треба да бидат комплетирани по случаен избор преку софтверот и базата на административци на Државната изборна комисија.

Изборот ќе се врши во Домот на АРМ со присуство на членовите на изборните комисии од 80-те општини и Градот Скопје.

Најдоцна до 26 август, пак, до ОИК предлози за членови на избирачките одбори и нивните заменици треба да достават и политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, и политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови.

Општинските изборни комисии најдоцна до 27 август треба да ги формираат избирачките одбори што ќе ги спроведуваат локалните избори закажани за 15 октомври.

Од вчера течат роковите за увид во Избирачкиот список што ќе трае до 9 септември на полноќ и за собирање на потписи пред овластени претставници на ДИК за предлагање на листа на кандидат за градоначалник и за членови на советот на општината од група избирачи. Собирањето потписи ќе трае петнаесет дена односно до 4 септември на полноќ.

Би можело да ве интересира

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски