ДИК заглавена околу изборот на независни експерти

Од:

Наместо за медиумите, партиите прво треба да се договорат за имињата на експертите кои ќе влезат во составот на новата Државна изборна комисија.

Во петокот била отворена расправа за имињата на за оние кандидати кои сами се пријавија на конкурсот, не бил постигнат договор. Се очекува странските олеснувачи да предложат методологија по која ќе се одлучи за начинот на избор на експертите во ДИК.

Според договорот од Пржино експертите треба да бидат прифатливи за сите политички партии, а ДИК да има девет членови: тројца предложени од позицијата, тројца од опозицијата и тројца експерти. Претседателот ќе биде од редот на експертите.

Со договорот, зголемени се и ингеренциите на ДИК, па сега комисијата има надлежност да одлучува и за ветата на дополнителните министри и заменици – министри.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште