ДИК за в понеделник најави став за снимките на Заев

Од:

По вчера објавените снимки на лидерот на СДСМ, Зоран Заев , во кои тој тврди дека владини функционери местат и фалсификуваат избори, денеска членови на Државната изборна комисија изјавија дека в понеделник ќе разговараат за темата на седница на комисијата.

Актуелниот претседател на ДИК Никола Рилкоски во изјава за медиуми вели дека не е информиран за снимките и не ја слушнал содржината на разговорите. тој посочува и дека тоа се снимки кои се однесуваат на локалните избори во 2013-та кога на чело на ДИК е Борис Кондарко.

Дел од актуелните членови на ДИК велат дека комисијата треба да се состане во понеделник и да заземе официјален став.

– Ние не сем се виделе со претседателот. Треба в понеделник да се видиме да се усогласиме и да заземеме став како Државна изборна комисија и потоа да го соопштиме- изјави за телевизија 24 Вести, членот на ДИК, Субхи Јакупи.

Без коментар во врска со снимките е и Борис Кондарко како поранешен претседател на Државната изборна комисија.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште