ДИК во четврток ќе ги дистрибуира избирачките ливчиња до ОИК

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) во четврток ќе ги дистрибуира избирачките ливчиња до општинските изборни комисии. Комисија ги презема сите активности за да биде подготвена за денот на изборите 24 март, изјави денеска за МИА потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи.

– ДИК веќе ги презема сите активности за да бидеме подготвени за денот на изборите, 24 март. Веќе се печатат ливчињата. Тоа што е најбитно – доверливиот материјал со записниците, печатите за секое избирачко место во четврток ќе бидат дистрибуирани во сите општински изборни комисии од страна на ДИК. Општинските изборни комисии после треба да ги достават до избирачките одбори (ИО). ИО треба да бидат подготвени еден ден пред изборите бидејќи ќе има гласање за болните и изнемоштени лица, за притворените и затворените лица, а за в недела нормално треба да биде подготвен материјалот за сите избирачки места, изјави Јакупи.

Локалните избори ќе се одржат во 80 општини и Градот Скопје. На 2.976 гласачки места својот глас, според избирачкиот список треба да го дадат 1.743.403 граѓани.

Во четврток ДИК ќе дистрибуира преку четири милиони ливчиња имајќи предвид дека во десетина општини граѓаните ќе треба да се изјаснат за кандидатите дури на четири ливчиња.

– За Градот Скопје ќе има по четири ливчиња бидејќи тие гласаат за советници и за градоначалник на Градот Скопје и за советници и за градоначалник на општината каде што живеат. Значи, во 1десет општини ќе имаат по четири ливчиња, додека другите општини ќе имаат по две ливчиња, изјави Јакупи.

Во недела ДИК ќе заседава во текот на целиот ден и ќе информира за излезноста и за текот на изборите, а по завршувањето на изборите за нивниот исход.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме