ДИК: Во 51 општина заврши гласањето, во 29 и Градот Скопје втор круг гласање

Од:

Во 51 општина е завршено гласањето во првиот круг од локалните избори, во 29 општини и Градот Скопје ќе се одржи втор круг гласање, објавени се за сите 80 општини освоените советнички мандати, а за градот Скопје се очекува денеска да бидат соопштени мандатите за советници, соопшти синоќа на прес – конференција претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко.

Сите објавени резултати, потенцира Кондарко, се врз основа на записниците од Општинските изборни комисии и се првични и неофицијални.

Тој потврди дека синоќа до 19 часот истече законскиот рок за поднесување приговори за повреди за повреда за постапката за гласање. Според Кондарко до архивата на ДИК се пристигнати повеќе стотици приговори од повеќе партии, а најмногу од опозицијата.

На новинарско прашање зошто долго се чекаше на резулатите во општина Центар, претседателот на ДИК одговори дека Општинската изборна комисија во  6 избирачки места правела дополнителни проверки во записниците на Избирачките одбори.

За советничките мандати за Градот Скопје, на прес – конференцијата беа соопштени само податоците за добиените гласови и тоа: ВМРО – ДПМНЕ 121.881 гласа или 42,90 проценти од излезените гласачи кои гласале, СДСМ 80.770 гласа или 28,43 проценти, СДУ 3.124 или 1,10 проценти, ДУИ 32.835 или 11,56 проценти, ДПА 16.459 гласа или 5,79 проценти, НДП 1.941 глас или 0,68 проценти, ДОМ 6.047 или 2,13 отсто, ЛП 2.426 или 0,85 проценти и Сојузот на титови леви сили 2.040 или еден процент.

  ПРВ КРУГ

Охрид – 72,49 проценти одѕив. Никола Бакрачевски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 21.004 гласа.

Прилеп – 78,11 проценти одѕив. Марјан Ристески од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 28.632 гласа.

Кичево – 73,34 проценти одѕив. Фатмир Дехари од ДУИ добил 18.552 гласа.

Кисела Вода – 66,24 проценти одѕив. Билјана Беличанец Алексиќ од коалицијата „За подобра Македонија“ осовила 10.419 гласа.

Зелениково – 78,90 проценти одѕив. Веле Груевски од колицијата „За подобра Македонија“ освоил 1.476 гласа.

Боговиње – 46,88 одѕив. Хазби Идризи од ДУи освоил 6.039 гласа.

Центар Жупа – Аријан Ибраин од Демократската партија на Турците освоил 1.844 гласа.

Шуто Оризари – 48,84 проценти одѕив. Елвис Бајрам од Сојузот на Ромите добил 6.067 гласа.

 ВТОР КРУГ

Скопје – 63,95 проценти излезност на граѓаните. Коце Трајановски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 136.056 гласа и Јани Макрадули од коалицијата „Сојуз за иднината“ 79.751 глас.

Центар – 63,95 одѕив. Андреј Жерновски од „Сојуз за иднината“ со 14.079 гласа и Владимир Тодоровиќ од „За подобра Македонија“ со 12.606 гласови.

Карпош – 72,26 проценти одѕив. Стевчо Јакимовски од СНС со 17.260 и Андреј Петров од СДСМ со 9.674 гласа.

Ѓорче Петров – Кандидатот Сокол Митревски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 11.316 гласа, а Александар Новаковски од СДСМ 10.720.

Бутел – Со излезност од 70, 05 проценти. Петре Лативноски од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 9.653, а Коста Начевски од СДСМ 4.668 гласа.

Ресен- 69, 40 проценти одѕив. Ѓоко Стрезовски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 5.486 гласа, додека независниот кандидат Димитар Бузлевски 3.140.

Гостивар – 52, 42 одѕив. Руфи Османи од НДП со 14.290 и Невзат Бејта од ДУИ со 13.579 гласа.

Битола – 70, 05 проценти одѕив. Владимир Талески од коалицијата „За подобра Македонија“ со 27.985 гласа и Менде Динески од СДСМ со 22.455.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори