ДИК: ВМРО-ДПМНЕ победи во Скопје и 54 општини, СДСМ во 7, ДУИ во 12, ДПА во една

Од:

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните локални избори освои најмногу гласови во 54 општини, коалицијата на СДСМ во 7, ДУИ во 12, ДПА, Српската напредна партија во Македонија, Национална демократска преродба, Демократската партија на Турците и Сојузот на Ромите во по една, а во две општини победија независни кандидати.

Резултатите се добиени од обработените податоци од 97,48 отсто од вкупниот број избирачки места. Одѕивот од гласањето е 67,0,6 отсто.

Според резултатите од ДИК, во Аеродром најмногу од гласовите 63,28 отсто освоил кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски со 63,22 отсто пред Диме Велковски од коалцијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ со 31,85 проценти.

Во Берово кандидатот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Драги Наџиски освоил 49,69 отсто, а на СДСМ Ѕвонко Пекески 49,51. Во Богданци Зоран Прочков од СДСМ 50,08, а Анастасија Олумчева 44,16. Во Босилово најмногу гласови освоил Љупчо Колев од ВМРО-ДПМНЕ 53,22, а Жанко Зимбаков од СДСМ 45,59. Во Бутел Петре Латиновски од ВМРО-ДПМНЕ 49,88, а Коста Начевски од СДСМ 23,88.

Во Василево Ванчо Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ 62,93, а Васил Коцев од СДСМ 35, 92. Во Велес Аце Коцевски од СДСМ 50,74, а Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ 47,43. Најмногу гласови во Врапчиште добил Бајрам Кадрија од ДУИ 36,75, Исен Шабани од ДПА 33,35 и Јусуф Хасани од коалицијата ДПТ-НДП 27,34. Во Гевгелија Иван Франгов од ВМРО-ДПМНЕ 56,26, а Саве Марачков од СДСМ 41,72.

Во Градско најмногу гласови освои Жанета Чаушевска од ВМРО-ДПМНЕ 51,98, додека Љупчо Иванов од СДСМ 46,74. Во Дебрца Љупчо Којчиноски од СДСМ 49,71, а Игор Трајкоски од ВМРО-ДПМНЕ 47,86. Најмногу гласови во Демир Капија доби Трајче Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ 69,23, а Зоран Мишев од СДСМ 28,08.

Во Дојран победи Борче Стамов од ВМРО-ДПМНЕ со 56,80 отсто од гласовите, а Никола Ајцев освои 41,82 отсто од гласовите.

Во Ѓорче Петров Сокол Митровски од ВМРО-ДПМНЕ 49,04, а Александар Наумовски од СДСМ 46,44. Најмногу гласови во Зелениково освои Веле Груевски од ВМРО-ДПМНЕ 53,04, а Томе Ангелковски од СДСМ 14,70, во Илинден Жика Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ 69,93, а Миле Велиновски од СДСМ 26,81, во Кавадарци Александар Панов од ВМРО-ДПМНЕ 48,24, а Бетијане Китев 28,31.

Во скопската општина Карпош Стевчо Јакимоски од Српската напредна партија доби 47,14, Андреј Петров 26,34 и Јагнула Куновска од ВМРО-ДПМНЕ 25,85 отсто од гласовите.

Во Кичево Датмир Дехари од ДУИ освои 52,32 отсто од гласовите, а Благоја Деспотовски 47,68, во Кочани Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ 50,78, а Миле Андонов од СДСМ 47,79, во Крива Паланка Арсенчо Алексовски од ВМРО-ДПМНЕ 53,10, а Горанчо Младеновски од СДСМ 43,81, во Крушево Ѓорѓи Дамчески од ВМРО-ДПМНЕ 55,86, а Ташула Јуца од СДСМ 39,05, во Липково Садула Дураку од ДУИ 51,70, а Муртезан Идризи од ДПА 45,14, во Маврово-Ростуше Мукрем Мемеди од ВМРО-ДПМНЕ 52,27 отсто од гласовите, а Самир Ајдини од СДСМ 29,47.

Најмногу гласови во Македонски Брод освои Милосим Војневски од ВМРО-ДПМНЕ 65,99, а Анета Симеска – Димовска од СДСМ 31,79, во Неготино Ванчо Апостолов од ВМРО-ДПМНЕ 57,97, а Силвана Филипоа од СДСМ 35,49, во Ново Село Блажо Велковски од ВМРО-ДПМНЕ 51,55, а Петар Спасов од СДСМ 45,26, во Петровец Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ со 70,50, а Перо Арсовски 26,67, во Пласница Исмаил Јахоски од ДУИ 56,23, а Енвер Саитоски од ДПТ 43,77, во Пробиштип Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ 75,27, а Славчо Николов од СДСМ 22,29, во Ранковце Момчило Алексовски од СДСМ 56,67, а Орце Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ 42,83, во Росоман Стојанче Лазов од ВМРО-ДПМНЕ 55,57, а Гоце Величковски од Народно движење за Македонија 28,08, во Свети Николе Зоран Тасев од ВМРО-ДПМНЕ 63,32, а Кире Алексов од СДСМ 24,69, во Старо Нагоричане Милован Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ 43,94, а Власте Димковиќ од Српската напредна партија 28,21.

Во Струмица најмногу гласови освои Зоран Заев од СДСМ со 52,51 отсто од гласовите, а Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ 46,95, во Теарце Рухан Илази од ДПА 42,63, а Исен Асани од ДУИ 42,57.

Во скопската општина Центар Андреј Жерновски од СДСМ освои 51,46 отсто од гласовите, а Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПНЕ 46,52, во Чаир Изет Меџити од ДУИ 53,05, а Мухамед Тачи од ДПА 18,63, во Чешиново-Облешево Костадин Личков од ВМРО-ДПМНЕ 40,09, Горанчо Крстев од СДСМ 29,19.

Најмногу гласови во Штип освои Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ 61,30, Ратко Коцев од СДСМ 37,45, во Арачиново Рахим Ајваз од ДУИ 44,53, а Бастри Бајрами, независен кандидат 41,49.

Во Битола Владимир Талевски од ВМРО-ДПМНЕ 51,32, а Менде Динески од СДСМ 41, во Боговиње Хазби Идризи од ДУИ 52,94, Бурхаб Изаири од ДПА 42,54, во Брвеница Стојан Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ 35,75, а Енвер Пајазити од ДУИ 21,53, во Валандово Николче Чурлиновски од ВМРО-ДПМНЕ 62,08, Тихомир Шумков од СДСМ 35,11, во Вевчани Цветомир Угриновски од ВМРО-ДПМНЕ 66,31, а Сашо Јанковски од СДСМ 16,93, во Виница Емил Дончев од ВМРО-ДПМНЕ 63, а Венцо Воинов од СДСМ 35,32.

Најмногу гласови во Гази Баба освои Тони Трајковски од ВМРО-ДПНЕ 60,03, а Борче Стефановски од СДСМ 26,61, во Гостивар Руфи Османи од НДП 37,08, Невзат Бејта од ДУИ 35,26, Дебар Ружди Јата од ДУИ 71,84, а независниот кандидат Ибрахим Колари 14,59, во Делчево Дарко Шехтански од ВМРО-ДПМНЕ 51,68, а Голупчо Ангелов од СДСМ 45,06, во Демир Хисар Љупчо Блажевски од ВМРО-ДПМНЕ 57,51, Драган Јовановски од СДСМ 41,66, во Долнени Боше Милошески од ВМРО-ДПМНЕ 30,04, Абдула Бајрами од ДУИ 26,51, во Желино Фатмир Изаири од ДУИ 53,76, Јатиф Арифи од ДПА 42,28, во Зрновци Блаже Станков од ВМРО-ДПМНЕ 66,39, а Ванчо Митев од СДСМ 31,61.

Најмногу гласови во Јагуновце освои Дарко Блажевски од СДСМ 37,62, а Тони Коцески од ВМРО-ДПМНЕ 31,83, во Карбинци Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ 32,31, а Ристе Бањеглав од СДСМ 26,17.

Во скопската општина Кисела Вода победи Билјана Беличанец Алексиќ од ВМРО-ДПМНЕ 63,20, а Љупчо Васовски од СДСМ 32,67, во Конче Благој Јанев од ВМРО-ДПМНЕ 59,52, а Благој Илиев од НДМ 28,55, во Кратово Мите Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ 64,92, а Зоран Митевски од СДСМ 32,58, во Кривогаштани Тони Затковски од ВМРО-ДПМНЕ 59,54, а Владо Божиновски од СДСМ 32,35.

Во Куманово Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 38,25, а Зоран Дамјановски од СДСМ 35,60, во Лозово Орце Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ 35,09, а Ацо Велковски од СДСМ 29,25, во Македонска Каменица Дарко Митевски од ВМРО-ДПМНЕ 68,78, а Стојан Ефремов од СДСМ 29,99, во Могила Стево Пирковски, независен кандидат 42,94, а Славко Велевски од ВМРО-ДПМНЕ 41,52, во Новаци Лазе Котевски од ВМРО-ДПМНЕ 82,08, а Менде Талевски од СДСМ 15,59.

Најмногу гласови во Охрид освои Никола Бакрачески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ 59,50, а Александар Петрески од СДСМ 37,53, во Пехчево Игор Поповски од ВМРО-ДПМНЕ 65,38, Драган Тренчовски од СДСМ 33,77, во Прилеп Марјан Ристески од ВМРО-ДПМНЕ 69,76, а Хари Локвенец од СДСМ 39,38, во Радовиш Сашо Николов од ВМРО-ДПМНЕ 60,68, Игор Милев од СДСМ 38,39, во Ресен Ѓоко Стрезовски од ВМРО-ДПМНЕ 48,80, а Димитар Бузлевски, независен кандидат 28,24.

Во Сарај Беким Мурати од ДУИ 54,24, а Азби Нуредини од ДПА 38,90, во Студеничани Фатмир Исени од ДУИ 44,14, Азем Садику од ДПА 36,76, Тетово Теута Арифи од ДУИ 39,98 и Сади Беџети од ДПА 32,80, во Сопиште Стевче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ 57,05 и Љупчо Мицковски од СДСМ 31,42.

Најмногу гласови во Струга освои Владимир Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ 41,11, Зијадин Села 32,37, во Центар Жупа Аријан Ибраим од ДПТ 51,78, а Мазлум Хасан независен кандидат 48,22, во Чашка Горанчо Пановски од ВМРО-ДПМНЕ 62,18, а Дејан Андоновски, независен кандидат 28,16, во Чучер-Сандево Јован Пејковски, независен кандидат 63,29, а Воислав Кираџиќ од НДМ 36,35 и во Шуто Оризари Елвис Бајрам од Сојуз на Ромите 59,64, а Неџдет Мустафа од Обединети демократски сили на Ромите 33,83.

Во Градот Скопје се преброени гласовите од 90,11 отсто од гласачките места. Одѕивот е 63,77 отсто. Најмногу гласови освои Коце Трајановски 49,41 отсто, Јани Макрадули 28,81 отсто од гласовите, а Артан Груби 12,35 отсто.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори