ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список за референдумот

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да го заклучи Избирачкиот список за референдумот закажан за 30 септември.

Во 15:30 часот ДИК ќе одржи седница на која ќе го заклучи Избирачкиот список и на која ќе го соопшти бројот на гласачи кои ќе можат да се изјаснат на референдумот.

На дневен ред на седницата се и разгледување и усвојување на барањата за добивање на овластувања за набљудување на референдумот 2018 година, поднесени од ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје и ТВ Визион ПЛУС Тирана, барања за неприфаќање на извршување на должност во општинските изборни комисии и случаен избор на членови на општинските изборни комисии, како и предлог на одлука за изменување и дополнување на годишниот план за вкупните потреби од јавни набавки.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште