ДИК: СДСМ победи во 19, ВМРО-ДПМНЕ во две, ДУИ во осум, Алијансата во три општини

Од:

Според првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија по целосното пребројување на гласовите од сите 1.517 избирачки места на кои вчера се гласаше во вториот круг од локалните избори, кандидатите на СДСМ победија во 19 општини, ВМРО-ДПМНЕ во две, ДУИ во осум, Алијансата за Албанците во три, БЕСА во една, ДПА во една и кандидат на Група избирачи во една општина.

Во Кисела Вода победи Филип Темелковски од СДСМ со освоени 54,89 проценти од гласовите, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски освои 41,58.

Во Гази Баба победи Борис Георгиевски од СДСМ со 53,51 отсто од гласовите, а Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ освои 43,09 отсто.

Во Бутел победи Велимир Смилевски од СДСМ со 57,02 отсто гласови наспроти Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ со 40,15.

Во Чаир најголем дел од граѓаните или 48,67 отсто гласаа за Висар Ганиу од ДУИ, а за Зекирија Ибраими од БЕСА 47,93.

Во Сарај победи Блерим Беџети од ДУИ со освоени 52,26 отсто од гласовите, а Башким Бакиу од БЕСА освои 46,73.

Во Шуто Оризари победи Курто Дудуш од СДСМ со 57,61, а Елвис Бајрам од Сојузот на Ромите има 38,90 отсто.

Во Кавадарци победи Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ со 52,65 отсто освоени гласови, пред Бетиане Китев од СДСМ кој освои 46,09 проценти од гласовите.

Во Тетово со освоени 49,09 отсто од гласовите победи Теута Арифи од ДУИ пред Биљал Касами од Беса со 46,32 отсто.

Во Гостивар победи Арбен Таравари од Алијанса на Албанците со 50,12 отсто освоени гласови пред Невзат Бејта од ДУИ кој доби 47,26 проценти од гласовите.

Во Виница победи Ивица Димитров од СДСМ за кого гласаа 52,23 проценти, а Мартин Павлов ВМРО-ДПМНЕ освои 43,90 од гласовите.

Во Градско најголем број гласови освои Роберт Бешовски од СДСМ – 53,51 отсто, а неговиот противкандидат Жанета Чаушевска од ВМРО-ДПМНЕ 43,22.

Во Демир Капија победи Лазар Петров од СДСМ со 56,12 отсто освоени гласови, а Трајче Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ освои 42,36 гласови.

Во Јегуновце победи Дарко Блажевски од СДСМ со освоени 61,79 отсто гласови, пред Тони Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ со 34,74.

Во Карбинци победи Јордан Насев од СДСМ за кого гласаа 56,94, отсто од граѓаните, а за Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ 38,55.

Во Македонска Каменица победи Соња Стаменкова од СДСМ со 54,24 проценти освоени гласови, пред Дарко Митевски од ВМРО-ДПМНЕ со 42,07 проценти.

Во Македонски Брод победи Живко Силјановски од СДСМ со 66,46 проценти освоени гласови, а Милосим Војнески од ВМРО-ДПМНЕ освои 29,69 отсто.

Во Росоман победи Бранко Јанев од СДСМ со 54,23 проценти освоени гласови, а за Стојанче Лазов од ВМРО-ДПМНЕ гласаа 43,27 проценти од граѓаните.

Во Старо Нагоричане победи Жаклина Јовановска од СДСМ со 65,36 отсто гласови, а Елена Јаќимовиќ од ВМРО-ДПМНЕ која освои 31,75.

Во Чашка победи Горан Стојановски од СДСМ со 69,58 проценти освоени гласови, а Горанчо Пановски од НДМ освои 27,49 отсто од гласовите.

Во општина Могила победи Јасмина Гулевска од СДСМ, која освои 51,22 проценти од гласовите, а Стево Пивковски од Група избирачи 46,45.

Во Зрновци победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Блажо Станков со 57,11 отсто освоени гласови, а кандидатот на СДСМ, Ванчо Митев 40,53.

Во Новаци победи Љубе Кузмановски од СДСМ со 53 отсто освоени гласови, а Лазар Котевски од ВМРО-ДПМНЕ 43,77.

Во Брвеница победи Енвер Пајазити од Група избирачи со 55,38 проценти освоени гласови, а Стојан Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ 42,19.

Во Чешиново-Облешево победи Горанчо Крстев од СДСМ, кој осбои 49,91 отсто од гласовите, а Горанчо Зашов од ВМРО-ДПМНЕ со 46,13.

Во Боговиње победи Аљбон Џемаили од Алијанса на Албанците со 53,70 отсто освоени гласови, а Берзах Бејтулаху од ДУИ 45,01.

Во Врапчиште победи Исен Шабани од Алијанса за Албанците со 51,25 отсто освоени гласови, а Гајур Рушити од ДУИ освои 47,09 отсто.

Во Дебар победи Ружди Љата од ДУИ со 52,04 отсто од гласовите, а Арбен Аголи од Алијанса на Албанците освои 46,02 проценти.

Во Долнени победи Џемил Ќамили од ДУИ, кој освои 53,93 проценти од гласовите на граѓаните, а Билал Каришиќ од СДСМ 44,11 отсто.

Во Желино победи Бљерим Сејди од БЕСА за кого гласаа 51,27 проценти од избирачите, а Фатмир Изаири од ДУИ, пак, освои 68,03 проценти.

Во Липково победи Еркан Арифи од ДУИ со освоени 58,55 отсто од гласовите, а Шабан Зендели од БЕСА освои 40,24 отсто.

Во Теарце победи Исен Асани од ДУИ со освоени 51,64 отсто од гласовите, а Амир Ељези од БЕСА 45,96 отсто.

Во Студеничани победи Азем Садики од ДПА со освоени 52,17 отсто, а противкандидатот Реџеп Мемеди од БЕСА 46,85 проценти од гласовите.

Во Пробиштип победи Драган Анастасов од СДСМ со освоени 52,27 отсто од гласовите, а Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ 43,27.

Благој Бочварски од СДСМ со 51,54 проценти освеоени гласови победи во Штип пред Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ за кого гласаа 45,68 отсто.

Во Струга Рамиз Мерко од ДУИ го победи Зијадин Села од Алијансата за Албанците со освоени 49,53 наспроти 46,73 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино