ДИК: Одговорно тврдиме дека граѓаните ќе бидат заштитени за гласањето

Од:

Со цел увид во организацијата на претстојните предвремени парламентарни избори, денеска претставници на Државната изборна комисија посетија неколу Општински изборни комисии на крајниот Исток.

Претставникот на Државната изборна комисија Јанаќе Витановски истакна дека ДИК е подготвена да спроведе избори, во кои граѓаните ќе бидат заштитени, согласно здравствениот протокол утврден од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

– Како член на ДИК денеска посетив неколку изборни комисии во Источна Македонија, меѓу кои и општинската изборна комисија во Делчево. Разговараме за организацијата на предвремените парламентарни избори 2020, за кои годинава новина е тоа што се гласа три дена на 13, 14 и 15 јули со тоа што на 13 јули ќе гласаат лицата кои се позитивни на КОВИД-19, на 14 јули гласаат болните и немоќни лица, додека на 15 јули ќе гласаат сите останати граѓани во државата, истакна Витановски.

Главен акцент на средбите, како што посочи, е ставен на обезбедувањето соодветен простор за гласање, кој ќе овозможи непречено движење на граѓаните, како и нивна заштита согласно здравствениот протокол препорачан од Комисијата за заразни болести.

– Одговорно тврдам дека граѓаните ќе бидат заштитени, како од почетокот, така до крајот на гласањето. Проблеми немаме, но морам да нагласам дека ова е голема работа и за Државната изборна комисија и за граѓаните. Треба да бидеме свесни дека секој треба да се заштитува сам лично, а ДИК ќе направи се за граѓаните да бидат заштитени во овој процес на избори, додаде Витановски.

Од Општинската изборна комисија истакна дека до крајот на месецот во Делчево ќе се спроведе најавената едукација со членовите на избирачките одбори, за што самите членови телефонски ќе бидат известени за времето и местото на одржување на обуките.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа