ДИК: Одѕивот до 13 часот е 20.73 отсто

Од:

Одѕивот до 13 часот на гласањето во вториот круг од претседателските избори изнесува 20,73 отсто од обработени 95,34 отсто од избирачките места, соопшти Државната изборна комисија. Гласале 359,024 избирачи. Треба да се обработат уште помалку од 5 отсто од избирачките места, за да се утврди точниот одѕив.

„Очекуваме со обработката на овие помалку од 5 отсто избирачки места, бројката на избирачи кои излегле да гласаат до 13 часот, да биде околу 370 илјади гласачи“, рече портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Гласањето се одвива веќе 6 ипол часа мирно, непрекинато и без неправилности. До 13 часот имало еден приговор од граѓанин, за заштита на лично избирачко право, кој не бил запишан во избирачкиот список. Од ДИК велат дека во моментов се обработува неговиот приговор и за резултатот дополнително ќе известат.

Највисок одѕив има во Крива Паланка 39,69% Крушево 34,33%, Прилеп 33,84%, Кратово 33,82%, Гевгелија 33,07% и Берово 31,53%. Најнизок одѕив има во Желино 4,22%, Врапчиште 6,12% Боговиње 6,21%.

На изборите за градоначалник обработени се 99,08 отсто од податоците од избирачките места. Во Ново Село гласале 2743 гласачи или 24,14 проценти од запишаните, а во Охрид 11450 избирачи или 21,91 процент.

Потсетување дека е отворена бесплатната телефонска линија 0800 555 444 за прашања и коментари до ДИК, а за лицата со оштетен слух и говор линијата 076 488 360, за видеоповик, на чии прашања ќе добијат одговор со знаковен јазик.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“