ДИК: Од 2.162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, своето право на глас до 15.30 часот го оствариле 810 гласачи

Од:

Непречено и без никакви проблеми и недоследности се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти попладнево Државната изборна комисија (ДИК).

Според ДИК, до 15.30 часот од вкупно 8.848 болни или немоќни лица кои може да го остварат своето право на глас на овие локални избори, гласале 5 385.

Од 2.162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, своето право на глас до 15.30 часот го оствариле 810 гласачи.

Во установите за вонсемејна грижа до 15:30 од 442 лица сместени во овие установи гласале 135 гласачи.

Би можело да ве интересира

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски