ДИК на јавна седница ќе одлучува за поднесените листи на кандидати за пратеници

Од:

Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи 65-тата седница на која, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесени листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

Комисијата, како што е најавено, на денешната јавна седница ќе спроведе и ждрепка за редните броеви на кандидатските листи во гласачкото ливче.

Од ДИК информираат дека, имајќи ја предвид настанатата состојба со епидемијата со вирусот Ковид 19 и воведената вонредна состојба на седницата нема да бидат повикани овластените претставници на подносителите на листите, а ждрепката ќе се врши на јавна седница.

Седницата на Државната изборна комисија ќе оди во живо на фејсбук страната на ДИК.

Би можело да ве интересира

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто