ДИК му се извини на Бузлевски

Од:

Државната изборна комисија се извини за ненaмерната грешка при соопштувањето на неофицијалните резултати за Локалните избори 2013. Претседателот на ДИК изјави дека противкандидат на Ѓоко Стрезовски од ВМРО-ДПМНЕ за Ресен ќе му биде Ордан Проевски од СДСМ, наместо независниот кандидат Димитар Бузлевски.

„На прес конференција на Државната изборна комисија на која беа соопштени првичните неофицијални податоци за Локалните избори 2013, во читањето е направена ненамерна грешка кај резултатите за Ресен. Според освоениот број гласови, во вториот круг гласање за градоначалник на Ресен одат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Ѓоко Стрезовски кој доби 5.387 гласови (или 48,80 отсто) и независниот кандидат Димитар Бузлевски со 3.117 освоени гласови, односно со 28,24 отсто од гласовите.

– Дека станува збор за техничка  грешка, потврдуваат и податоците од официјалниот сајт на Државната изборна комисија, каде се гледа дека токму овие двајца кандидати освоиле најголем број гласови. На кандидатот Димитар Бузлевски му се извинуваме за грешката“ се вели во соопштението на ДИК.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември