ДИК: Излезноста на изборите до 17 часот е 49,14 проценти

Од:

Излезноста на гласањето до 17 часот на територија на Република Македонија според податоците што ги објави ДИК изнесува 49,14 проценти.

На територија на Град Скопје, како што информираше портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска, излезноста е 50,58 проценти.

Највисока излезност на ниво на Македонија е во Вевчани 72,05 проценти, а највисока во Скопје е во Гази Баба 58,02 проценти. Најниска на ниво на Република Македонија е излезноста во општина Маврово-Ростуше со 31,19 проценти, а најниска на ниво на Скопје во Шуто Оризари 33,83.

Одговорајќи на новинарски прашања, Гугучевска истакна дека сите прекини евидентирани на одредени гласачки места траеле помалку од еден час, што значи дека гласањето секаде би требало да заврши во 19 часот.

Засега, потврди портпаролот на ДИК, нема прекини на ниту едно гласачко место.

За сите детали околу евентуални недоследности во изборниот процес ДИК ќе соопшти на завршната прес-конференција.

Во однос на бројот на гласачки ливчиња, исто така, ќе се знае рече Гугучевска, по финалните заклучоци од избирачките места.

Би можело да ве интересира

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас