ДИК го измени Упатството за набљудување на изборите

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени причини не можат да се вклучат во работата на овие изборни органи.

-Упатството се однесува за набљудување на изборите за невладините организации, било домашни било за меѓународни набљудувачи и го регулира начинот, постапката, правилата под кои треба да се однесуваат и да ги набљудуваат изборите, појасни Борис Кондарко, член на ДИК.

Појасни дека од Упатството се тргаат одредени алинеи поради овозможување поголема транспаретност и слобода во работата на набљудувачите на изборите.

-Да не се остави формално простор за евентуални можни различни толкувања на дел од овие одредби поврзани со набљудувањето на процесот, односно да нема забуни или погрешна примена од кого било во процесот. Значи, целта на ДИК е што е можно повеќе да се зголеми опфатот и достапноста на набљудување на процесот од страна на кој било меѓународни и домашни организации, кои се акредитирани од ДИК и да им се овозможат подобри услови за работа, рече Кондарко.

Би можело да ве интересира

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски