ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на прес-конференција ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг од локалните избори според кои Скопје и 43 општини во земјава добија градоначалници. Првичните официјални резултати, како што информира претседателот на Комисијата Александар Даштевски, се врз основа на записниците што општинските изборни комисии ги доставиле до ДИК.

Согласно објавените првични официјални податоци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од Локалните избори освоија градоначалнички места во 20 општини и тоа во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Охрид, Ранковце, Ресен, Чешиново-Облешево и Радовиш.

Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ освои градоначалнички места во седум општини – Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чучер Сандево и Центар. Седум градоначалнички места во вториот круг освои и ДУИ и тоа во Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Струга, Теарце и Чаир.

Алијасна за Албанците и Алтернатива има градоначалници во Врапчиште и Гостивар, а БЕСА во Желино и Тетово.

ГРОМ има нов градоначалник во Карпош, ДПА во Студеничани, а коалицијата на ЛДП и ДОМ освои градоначалничко место во Шуто Оризари.

Независни кандидати победија во Дебрца, Куманово и Скопје.

Во првиот круг од гласањето, од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалници беа избрани во: Аеродром – Тимчо Муцунски, Босилово – Ристо Манчев, Бутел – Дарко Костовски, Велес – Марко Колев, Виница – Миле Петков, Гази Баба – Бобан Стефковски, Ѓорче Петров – Александар Стојковски, Градско – Киро Нацков, Зрновци – Борчо Коцев, Илинден – Александар Ѓоргиевски, Јегуновце – Димитар Костадиновски, Кавадарци – Митко Јанчев, Карбинци – Виктор Паунов, Могила – Драганчо Сабатковски, Неготино – Горан Стојанов, Новаци – Стевче Стевановски, Петровец – Борче Митевски, Прилеп – Борче Јовчевски, Свети Николе – Дејан Владев, Сопиште – Стевче Трпковски, Штип – Иван Јорданов.

Од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ избрани градоначалници има во општините Берово – Звонко Пекевски, Богданци – Блаже Шапов, Валандово – Перо Костадинов, Делчево – Горан Трајковски, Дојран – Анго Ангов, Крива Паланка – Сашко Митовски, Кривогаштани – Николче Мицковски, Крушево – Томе Христовски, Струмица – Констадин Костадинов, во Липково и Сарај во првиот круг има избрано двајца градоначалници од ДУИ, тоа се Еркан Арифи, односно Блерим Беџети.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино