ДИК ги прогласи за завршени локалните избори

Од:

Државната изборна комисија ги прогласи за завршени Локалните избори 2017 година на целата територија на Република Македонија.

Заклучокот за завршувањето на изборите ДИК го донела на вчерашната седница, откако преходно беа објавени конечните резултати од прегласувањето за избор на градоначалник на општина Чаир на едно избирачко место.

Првиот круг од Локалните избори се одржа на 15 октомври, а вториот на 29 октомври. Минатата недела се одржа прегласување на едно избирачко место во општина Чаир откако Управниот суд усвои една жалба на Движењето БЕСА.

СДСМ, според резултатите по двата круга од локалните избори, освои градоначалнички места во Скопје и 56 општини, ВМРО-ДПМНЕ во пет, ДУИ во 10, Алијансата за Албанците во три, Беса, ДПА и ДПТ во по една, а кандидати предложени од група избирачи во три општини.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште