ДИК ги повикува граѓаните да ги проверуваат своите податоци во Избирачкиот список преку нивната веб-страна

Од:

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски денеска изјави дека реализацијата на локалните избори, како што беше најавено вчера, ќе биде со терминалите за вчитување на отисок од прст, и оти тие ќе направат се да се спроведе тоа.

-Ние ќе ги направиме сите услови да го спроведеме ова. Времето е кратко, но сметам дека со оглед на сите околности што се случија ќе успееме во спроведувањето на таа обврска, изјави Даштевски, кој кажа дека и тие се во очекување на одлуките на Собранието.

ДИК на денешната седница информираше дека деновиве е направено најновото ажурирање на Избирачкиот список, а членовите на Комисијата ги повикаа граѓаните да ги проверуваат своите податоци електронски на нивната веб – страна во текот на целата година. Комисијата изработи и видео спот преку којшто ги повикува граѓаните да ги проверат своите податоци.

-Важно е граѓаните да знаат дека има поголема транспаретност и достапност и да бидат активно вклучени во постојаната проверка на своите податоци. За таа намена првпат за да ја зголемиме информираноста, транспаретноста и достапноста изработивме ТВ видео спот што ќе биде прикажуван на медиумите, информираше членот на ДИК Борис Кондарко.

На денешната седница беа усвоени и правилници за процедури за ажурирање на Избирачкиот список. Ажурирањето на ИС се прави по службена должност, по барање на граѓани и за време на распишани избори, односно референдум. Редовно законско ажурирање е врши во февруари, мај, септември и декември, а податоците се добиваат од МВР.

Исто така членовите на ДИК усвоија и процедура за постапките за доделување на договори за јавни набаки и нивна реализација, како и измена на Годишниот план за јавни набавки.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска