ДИК ги отфрли приговорите на БЕСА, Алијанса за Албанците и на НДМ

Од:

Државната изборна комисија вечерва на седница ги разгледа и ги отфрли сите приговори поднесени на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори 2017 година.

Како што изјави за МИА портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска, од вкупно 89 приговори поднесени од БЕСА, одбиени се 88, а еден приговор е повлечен од партијата. На барање на БЕСА 84 приговори биле разгледани како еден бидејќи имаат исти наводи и се однесуваат на општина Чаир.

Членовите на ДИК, исто така, ги отфрлија сите 13 приговори поднесени од Алијансата за Албанците за гласањето во Струга, како и приговорот поднесен од НДМ.

Приговорите на БЕСА и на Алијансата за Албанците ДИК ги отфрли како неосновани, додека приговорот на НДМ е отфрлен како неуреден.

Против одлуката на ДИК, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Одлуките на Управниот суд се конечни.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште