ДИК ги чека одлуките на Уставниот суд, нема да има прегласување ниту во Сарај

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) како што соопшти на денешната седница претседателот на Комисијата Александар Чичаковски официјално ги очекува одлуките на Управниот суд за тужбите против приговорите од партиите за првиот круг од локалните избори, по што повторно ќе одржи седница на која ќе бидат соопштени конечните резултати за општините за кои имаше приговори од партиите.

Управниот суд на веб-страната веќе ги објави одлуките. Уважи една од 24-те тужби на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на гласањето на избирачко место во општина Сарај за членови на Совет на Град Скопје, но судечкиот совет донел решение со кое го одбива приговорот на ВМРО-ДПМНЕ. Во одлуката објавена на веб-страницата, Судот наведува дека ДИК погрешно утврдила дека приговорот на ВМРО-ДПМНЕ се однесува на гласањето за градоначалник на Скопје, а се работело за совет на град Скопје. Управниот суд, сепак, од оригиналните записници утврдил дека ДИК правилно одлучил да го одбие приговорот бидејќи од доказите видно е дека не е прекршен Изборниот законик.

Во одлуката на судечкиот совет на Управниот суд пишува дека „резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на членови на Советот на Град Скопје, за гласачкото место 2461 – општина Сарај, се потврдуваат“.

Според информациите од ДИК, врз основа на ова нема да има прегласување на избирачкото место во Сарај, а резултатите за првиот круг на локалните избори стануваат конечни освен за советот на оваа општина стануваат конечни и за другите општини каде имаше приговори како Град Скопје, Радовиш и Гостивар. Сепак, во Сарај ќе има втор круг на локалните избори за градоначалник.

Втор круг на изборите ќе има во 35 општини на 1.517 избирачки места. Од скопските општини втор круг за градоначалник ќе има во Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Шуто Оризари, Чаир и Сарај.

ДИК на денешната седница усвои упатство за гласање во вториот изборен круг. Ова упатство се носи бидејжи гласањето е само за градоначалник и се гласа само на едно избирачко ливче. Постпката за гласање останува иста согласно Изборниот законик.

Комисијата исто така прифати упатство со кое ги повикува граѓаните чии документи за лична идентификација им истекла важноста меѓу двата круга на изборите да извадат нови бидејќи иако се во Избирачкиот список не ќе можат да гласаат на вториот круг од изборите. Нова лична карта граѓаните ќе можат да извадат и на денот на изборите. Според претседателот на ДИК Александар Чичаковски со ова не се ограничува правото на избор на граѓаните бидејќи Комисијата упатува јавен повик до граѓаните на кои им истекла важноста на личната карта и на пасошот да извадат нови.

Вториот круг на локалните избори во Македонија ќе се одржи на 29 октомври.

Би можело да ве интересира

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

18 кандидати за градоначалник на Скопје, 20 листи за членови на Советот

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ