До ДИК доставени 742 пријави од иселеници за референдумот

Од:

Преку веб-апликацијата dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија до денеска до 14 часот доставени се вкупно 742 пријави од граѓани за изјаснување во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство за претстојниот референдум за името.

Од нив, 702 пријави се прифатени, 11 се одбиени, а останатите се во обработка, соопшти ДИК.

До вчера во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК увид во Избирачкиот список направиле вкупно 1.216 граѓани. Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 188, во Радовиш – 104 и Струмица – 101.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште