ДИК: Досега гласале 221.045 лица или 12,86 отсто избирачи

Од:

На гласање досега излегле 221.045 лица или 12,86 отсто. Според Државната изборна комисија, ова се последните резултати добиени од вкупно 2.838 избирачки места.

Излезeноста е најголема во Кратово 22,29 отсто, во Кичево 20,89 проценти и во Крушево 18,22, а најмала е во Боговиње каде што на гласање излегле 6,5 отсто.

Според ДИК, во Скопје до 10 часот гласале вкупно 48.497 лица или 10,75 отсто од евидентираните во Избирачкиот список.

Сите избирачки места се отворени навреме, до 7.00 часот, освен три, едно, во село Ќафа, Гостиварско, поради одрон на пат кој го попречил движењето на членовите на избирачкиот одбор и уште две, во Чашка и во Петровец поради немање гласачи.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?