ДИК додели уверенијата на шест нови пратеници, ќе ги заменат оние кои беа избрани за градоначалници

Од:

Државната изборна комисија денеска им ги издаде уверенијата на шесте нови пратеници во Собранието на Република Северна Македонија кои треба да ги заменат пратениците кои беа избрани за градоначалници на завршените локални избори.

Откако Собранието го констатира престанокот на мандатот на досегашните пратеници, ДИК со допис ги информирал следните од листите кандидати за пратеници, кои, пак, во законски рок ја известиле Комисијата дека го прифаќаат мандатот за пратеник за остатокот од мандатот.

Така на местото на Тимчо Муцунски, кој е избран за нов градоначалник на Општина Аеродром доаѓа Тони Јаревски, на местото на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој стана градоначалник на Општина Бутел доаѓа Зоран Коцевски, а на местото на новиот градоначалник на Штип Иван Јорданов ќе седне Драган Ковачки.

Костадин Костадинов, кој е нов градоначалник на Струмица, во собраниските клупи ќе го замени Љубица Спасева, Кирил Пецаков, кој стана градоначалник на Охрид Грација Бакраческа, а Билал Касами, кој на локалните избори беше избран градоначалник на Тетово, ќе го замени Драгољуб Филиповски.

Собранието денеска на пленарна седница треба да ги верификува мандатите на новите пратеници.

Би можело да ве интересира

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски