ДИК: До 17 часот излезеноста 57,57 отсто

Од:

До 17 часот одѕивот на гласачите на локалните избори во Македонија е 57,57 отсто, соопшти на прес-конференција потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи.
Во Скопје излезноста е 53,08 отсто.

Одѕивот на денешните избори е поголем од претходните локални кога беше 48,73 отсто, како и од превремените парламентарни во 2011. кога до 17 часот на гласање излегоа 53,86 проценти од избирачите.

Потпретседателот на Државната изборна комисија Субхи Јакупи оцени дека изборите минуваат мирно, демократски и во духот на Изборниот законик.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?