ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Од:

До 17 часот излезеноста во Скопје е 28,52 проценти, а во сите општини низ државава каде што се гласа во вториот круг од локалните избори процентот на избирачи што излегле на гласање е 39,28, соопшти на прес-конференција Радица Тодоровска Алексовска, портпаролка на ДИК. Најголем одѕив на гласање има во Конче (64,44), а најмал во Сарај 8,77 проценти.

Во Скопје до 17 часот излегле 28,52 проценти односно 134.586 избирачи врз основа на 99,56 проценти од пристигнaти податоци до ДИК за вкупно 682 избирачки места.

Во скопските општини, одѕивот на гласање е: Аеродром 36 отсто; Бутел 22,90 проценти; Гази Баба 25,79 отсто; Ѓорче Петров 29 проценти; Карпош 40,73; Кисела Вода 34,48; Сарај 8,77 проценти; Центар 39,44; Чаир 12,08 и Шуто Оризари 26,10 проценти.

Спорeдено со првиот круг, излезеноста во главниот град до 17 часот е помала, затоа што пред две недели излегле 39,62 проценти.

На ниво на држава, до 17 часот излезеноста е 39,28 проценти односно вклупно гласале 279.241 гласач од 96,94 проценти на податоци од избирачки места што пристигнале до ДИК.

По општини, статистиката е следна: Аеродром 36 отсто; Боговиње 34,53; Брвеница 48,87; Валандово 53,23; Виница 40,68; Дебар 35,91; Дебрца 51,04; Демир Капија 62,71; Дојран 62,96; Долнени 45,69; Зрновци 45,77; Карпош 40,73; Кичево 48,63; Конче 64,44; Кочани 34,04; Крушево 61,89; Куманово 27,72; Лозово 62,78; Македонска Каменица 45,49; Македонски Брод 46,95; Могила 39,81; Неготино 46,03; Пробиштип 61,25; Ранковце 58,03; Росоман 63,58; Струга 35,42; Студеничани 38,82; Тетово 39,74; Центар 39,38; Чешиново-Облешево 49,80, Чучер Сандево 51,13 и Шуто Оризари 25,82 проценти излезеност.

Според податоците на ДИК, до 17 часот најголем одѕив за гласање има во Конче (64,44), како и во Дојран (62,96), Демир Капија (62,71), Крушево (61,89) и Росоман (63,58), а најслаб е одѕивот во Сарај (8,77), Шуто Оризари (25,82) и Куманово (27,72).

Тодоровска Алексовска соопшти дека до оваа прес-конференција до ДИК нема пријави за поголеми неправилности и нема пристигнато информација од некое избирачко место дека гласањето ќе продолжи по 19 часот.

Би можело да ве интересира

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи