„Дијаспората инвестира“ во Гостивар

Од:

Како да се зголемат надворешните инвестиции во Гостивар беше темата на која разговараа првите луѓе во Полошкиот регион за време на традиционалната Ифтар-вечера.

Манифестацијата ја отворија градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, гостиварскиот градоначалник, Невзат Бејта и претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Мендес Куќи.

По заедничката презентација на инвестициските можности што постојат во општините што гравитираат во Полог, членовите на Заедницата на бизнис-дијаспората имаа можност да слушнат за неколку успешни примери на бизниси што се финансирани од дијаспората, како и за можноста за воспоставување контакти со бизнисмените што досега успешно инвестирале во Полог.

arifi-bejta

„Дијаспората е еден од најважните извори на финансии во Полошкиот регион, не само преку финансиски пратки туку и преку скорешно зголемениот интерес за инвестиции. Покрај тоа, досега не се преземени мерки што се фокусирани на стимулирање на инвестиции од дијаспората.

– Затоа започнавме со иницијатива за овозможување и забрзување на овие инвестиции преку информирање на дијаспората за инвестициските можности во Полог, но и прекуи учење од успешните приказни за инвестиции од дијаспората во регионот“, велат од Канцеларијата за локален економски развој.

Настанот е дел од новата иницијатива наречена „Дијаспората инвестира“, која има цел да привлече инвестиции од полошката дијаспора.

Г.М.

 

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја