Дием25: ЕУ треба да стане област на заеднички просперитет, мир и солидарност за сите Европејци

Од:

Европската Унија е на пат кон дезинтеграција. Европејците ја губат вербата во можноста за европски решенија на европските проблеми. Во исто време, додека вербата во ЕУ опаѓа, ние гледаме пораст на мизантропија, ксенофобија и токсичен национализам, смета пан-европското прекугранично движење на демократите Дием25.

– Доколку овој процес не биде запрен, стравуваме од враќање во 1930-тите, соопштија од спонтаниот колектив Дием25Скопје1 основан на 1 февруари годинава во Скопје.

Затоа, како што се наведува во соопштението, се собравме и покрај нашите разновидни политички традиции – зелена, радикална левица, либерална – со цел да ја подобриме ЕУ.

– ЕУ треба да стане област на заеднички просперитет, мир и солидарност за сите Европејци. Ние мора да дејствуваме брзо, пред ЕУ да се распадне, додаваат во соопштението.

Основачи на движењето се Јанис Варуфакис и Среќко Хорват, а членови се многу истакнати членови како Славој Жижек, Жан Мишел Жар, Брајан Ино и други.

Во соопштението се вели дека идејата за спонтаните колективи на Дием25 ги рефлектира идеите или практиките на самостојно менаџирање и соработка, се потпира врз поимот на шкотското просветлителство за „спонтан ред“, како и врз концептот за „ројот“ на Рик Фалквингеј.

– Водени од одговорно лице од координативниот Колектив, успеавме за кратко време, следејќи ги правилата, да станеме дел од ова широко и глобално семејство, така што сега веќе го имаме нашето лого и официјална е-пошта – [email protected], во меѓувреме работиме на нашите профили на социјалните мрежи, подготвуваме содржини преку кои ќе ги презентираме идеите за демократска трансформација на Европа, веќе го преведовме Манифестот, а исто така правиме планови и за нашите следни активности, додаваат од колективот.

Оттаму информираат дека првиот чекор ќе биде приклучување кон паневропската иницијатива за поддршка на новинарот Асанж, со писмо до амбасадата на Обединетото Кралство во земјава.

Во писмото, членовите на Дием25, ја повикуваат британската влада да го ослободи Асанж и да ја направи неговата екстрадиција во САД невозможна.

– Токму денес, во многу градови низ светот се одвива координирана активност на оваа тема, и ние поради јасната симболика, токму овој ден го одбравме за официјално започнување на активностите на Дием25Скопје1, се наведува во соопштението.

Додаваат и оти Европа во моментов страда на пет полиња – јавен долг, банкарство, зголемена сиромаштија, несоодветни инвестиции и миграцијата. Дием25, велат, е инфраструктура што ќе ја користат европските демократи од сите политички убедувања, со цел да се развијат соодветни одговори на овие кризи.

Оттаму бараат фундаментална промена – институциите на ЕУ, кои првично биле дизајнирани да служат на индустријата, треба да станат целосно транспарентни и одговорни пред европските граѓани. Нивната долгорочна визија е заеднички демократски устав за ЕУ.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески