Државниот испитен центар соопшти дека вчера се објавени распоредите за екстерното тестирање на учениците по денови. Три дена пред тестирањето учениците ќе можат да ги видат и предметите по кои ќе бидат тестирани.
Екстерното проверување на постигнувањата на учениците во јунската сесија ќе се спроведе во четири дена, на 7,8,10 и 11 јуни 2016 година.
ДИЦ соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1972 предмети.
Резултатите ќе бидат објавени на 13 јуни за деветто одделение, а на 17 јуни за сите останати ученици.