ДИЦ: Матурантката од СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид не полагаше државна матура бидејќи не беше пријавена од Училишната матурска комисија

Од:

Матурантката Тијана Силјаноска од СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид на 27.05.2023 не полагаше државна матура бидејќи од страна на Училишната матурска комисија на училиштето не е пријавена за полагање во Државен испитен центар, појаснуваат од ДИЦ околу проблемот со неможноста матурантката да полага државна матура.

– За појаснување, согласно законските и подзаконските акти за реализација на државната матура, учениците пополнуваат пријава во училиштата каде што се запишани најдоцна до 31 декември во тековната година. Потоа следува процес на внес на податоците во база од страна на училишните матурски комисии, обработка на податоци и доставување на списоци со кандидати од страна на ДИЦ до училиштата најдоцна до 15 февруари. Училишните матурски комисии списоците со кандидати ги проверуваат и доколку имаат направено грешки ги корегираат и истите со потпис и печат од училиштето ги враќаат во ДИЦ. Во случајов од страна на комисија на СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид така е и постапено, односно списоците се вратени со потпис и печат, но немаат направено корекции дека ја имаат испуштено матурантката Тијана Силјаноска, се вели во соопштението од ДИЦ.

Државниот испитен центар, се вели во соопштението, и понатаму останува отворен за соработка со сите матуранти и сите училишта и апелира до сите чинители во процесот на пријавување на државната матура многу внимателно да пристапуваат согласно нивните задолженија и надлежности.

Би можело да ве интересира

Казанџиска: Училиштата се подготвуваат за новиот начин на полагање на државна матура

За да нема препишување и споделување одговори, државна матура ќе се полага во спортски сали и холови

Катерина Ѓуровски

Павиќевиќ: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци апелира институциите да ги прифатат барањата на вработените во ДИЦ

Почнува полагањето државна матура

Ако штрајкот во Испитен центар трае повеќе од една недела неизвесно е полагањето матура