Дезинсекција за уништување на комарците во Демир Хисар, Новаци и Могила

Од:

Екипи на Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје-Битола, денес и утре ќе извршат превентивна систематска дезинсекција на територијата на општините Демир Хисар, Новаци и Могила.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информираат дека во општина Демир Хисар теристичката дезинсекција или активности од земја со запрашување ќе се врши од 19 до 2 часот по полноќ, со апаратура за ладно запрашување и ќе се реализира врз зелените површини на општината, застојни води, каналниот систем и други локации во таа локална самоуправа.

– Втора фаза од дезинсекцијата со цел уништување на комарците ќе се врши во истиот период и време и во општините Новаци и Могила. Во Новаци со дезинсекција опфатени се подрачјата по течението на река Црна, каналниот систем, локалитети со застојни водени површини и делови од населбите, додека пак во општина Могила акцијата ќе се реализира кај зелените површини, по течението на реки и водотеци и други жаришта каде најчесто има комарци, посочуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.

Од ЈЗУ-Центар за јавно здравје-Битола информираат дека третирањето ќе се врши со препаратот „Aqua K-Othrine“ со активна сустанца „Deltametrin“, а превентивно за активносите ги известиле и здруженијата на пчеларите од општините Демир Хисар, Новаци и Могила.

Би можело да ве интересира

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

Митески: Нема утврдени жаришта на комарци во Аеродром

Клековски предупредува: Внимание од убоди од комарци, вонредна контрола на живината

Во вторник ќе се прска против комарци во Скопје

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Почина пациент од психијатриската болница во Демир Хисар