Дежурниот лекар направил прекршок и не ја примил во болница починатата стружанка од коронавирус

Од:

Има прекршувања во случајот со почината стружанка од коронавирус која и покрај тоа што имала упат од матичниот лекар не била примена во охридската болница, извести денес Иринка Сотирова – Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Вонредниот надзор во болницата кој почна вчера се уште трае, а комплетен извештај директорката најави дека ќе има до крајот на денот.

„Од досега добиените информации ќе ви потврдам, да , утврдено е прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент кој побарал здравствена заштита. Се однесува на здравствен работник кој бил дежурен во времето кога пациентката е донесена на преглед. Точен е податокот дека матичниот лекар за пациентката има издадено упат на 25.03 годинава. За сите други прашања ќе можам да одговорам и ќе го информирам и министерот во целокупниот извештај кој ќе биде подготвен денеска, затоа што изјави од лицата кои вечерта работеле или дежурале, тој ден или следниот ден во охридската болница, се уште се земаат“, рече директорката Сотирова – Бухова.

Во инфективното одделение во охридската болница работат тројца специјалисти и двајца специјализанти како високомедицински кадар, доктори и повеќе сестри. Одговорноста која ја имаат ќе се утврдува понатаму од страна на ДСЗИ по членовите кои се овозможени од Законот за здравствена заштита, најави директорката Сотирова – Бухова.

Таа извести дека Обвинителството иако јави дека има постапка за починатата стружанка, се уште не побарало информации од Инспекторатот.

„Ние како Државен санитарен и здравствен инспекторат обврзани сме да ги информираме сите институции кои може да постапуваат по ова прашање“, рече Сотирова – Бухова.

Директорката нагласи дека инфективното одделение во охридската болница функционира и ќе биде примен секој што ќе дојде со упат.

Министерството за здравство во саботата јави дека починала 66 – годишна стружанка која според епидемиолошката анкета, била на гости во Дебар пред да се прогласи кризната состојба на 13 март и семејството било во домашна самоизолација. Откако и се јавиле симптоми на 24 март закажала тестирање. Тестот и бил направен два дена подоцна, на 26 март. Резултатот кој бил позитивен на коронавирус стигнал следниот ден на 27 март, но стружанката и покрај упатот од матичниот лекар не била примена во болница и починала 28 март.

Министерството за здравство најави ревизија на целиот случај во истиот момент кога јави за смртта на стружанката, а и охридското Обвинителство извести дека поведува постапка. Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека денес ќе ја разреши директорката на охридската болница. Директорката, Славица Малеска, за „А1он“ изјави дека не гледа вина кај себе за случајот со починатата стружанка.

 

Би можело да ве интересира

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

A1on