Дежурната служба на ЈП „Комунална хигиена“ го расчистува снегот во Скопје

Од:

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје вечерва соопшти дека со 40 работници од дежурната служба спроведува активности за чистење на снегот од скопските булевари и поголемите градски улици.

Се расчистува и централното градско подрачје – големиот ринг, плоштадот и улицата Македонија, како и реонот околу Градската болница, Владата и Собранието на РМ. Со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците, постојано се посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, „Слобода“, „Мајка Тереза“, Камениот мост и Мостот на револуцијата, посочуваат од ЈП „Комунална хигиена“.

Додаваат дека од механизацијата се употребуваат мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол и дека во согласност со временските услови, активностите ќе продолжат и во текот на ноќта.

Би можело да ве интересира

Провејува снег во Маврово и Крушево и на премините Стража и Ѓавато

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег