Девојката најдена во „аудито“ кај Радика се удавила

Од:

Давење во вода е причина за смртта на тетовката Линдита Е. (27) која беше најдена во водите на Радика, близу селото Ростуше. Наодите од извршената обдукција ги потврди истражниот судија од Основниот суд Гостивар, нагласувајќи дека на телото немало траги на насилство.

Првично се знае дека во „аудито“ покрај починатата биле и возачот, како и една сопатничка кои се извлекле. Други детали не се соопштуваат, бидејќи истрагата е во тек.

Полицијата вчера утрото го најде автомобилот „ауди А4“ со настраданата и по спроведените дополнителни мерки, утврди дека возилото излетало од патот Маврови Анови-Дебар, најмалку десет часа пред откривањето, на 8-ми август.

Засега случајот се води како сообраќајна незгода. По завршувањето на истрагата ќе биде познато под кои околности возилото излетало од коловозот во реката. Увид на местото вчера извршија истражен судија и јавен обвинител, а „аудито“ е предадено на вештачење.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски