Девојка паднала од четврти кат на хотел во Гостивар, се бори за живот

Од:

Помладо женско лице е тешко повредено по пад од четврти кат од хотел во Гостивар. Во моментов таа се бори за живот откако итно е префрлена на скопските клиники.

Во гостиварската полициска станица утрово околу 8 часот било пријавено дека во хотелот „Елита“ во центарот на градот имало несреќен случај, по што нивни екипи излегле на терен. Во моментов трае увид на местото што го води јавен обвинител и екипи на СВР Тетово.

Првично и неофицијално станува збор за 23 жена од Тетовско, која од вчера е пријавена за исчезната. Мотивите и причините кои довеле до несреќата сé уште не се познати.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата