Девојчето повредено во вчерашната страотна сообраќајка во стабилна состојба

Од:

Девојчето кое вчера беше повредено во тешката сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен, 24 часа по инцидентот во кој загинаа нејзината мајка и помладата сестра е во стабилна здравствена состојба, пренесува Макфакс.

Вчера рано попладне на патниот правец Битола – Ресен спроти село Братиндол се случи сообраќајна незгода во којашто учествуваат „тико” управувано од 45-годишната Сузана К.(45) од селото Подмочани, ресенско и автомобил „форд ескорд” управувано од 44 годишен битолчанец.

Во незгодата на лице место почина Сузана, додека нејзините две деца, шестгодишната Емануела и десет години повозрасната ќерка, како и возачот на „фордот” се стекнаа со тешки телесни повреди и беа пренесени во Клиничката болница Битола.

Вчера лекарскиот конзилиум соопшти дека и 16-годишното девојче е во животна опасност, но сега од Клиниката соопштиле дека таа е во стабилна здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип