Деветнаесетгодишна девојка загина во сообраќајка на патот Струмица-Радовиш

Од:

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4 часот, на патот Струмица-Радовиш, во близина на селото Радичево.

МВР соопшти дека во несреќата учествувале возило со бугарски национални ознаки управувано од 31 годишно лице од Струмица и товарно моторно возило со радовишки регистарски ознаки управувано од 44 годишно лице од Радовиш.

„Во незгодата на местото на настанот починала сопатничката во патничкото моторно возило од Струмица , а возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Коплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош“, соопшти МВР.

За настанот е известен јавен обвинител, a увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва