Деветнаесет години од загинувањето на осумтемина бранители кај Љуботенски Бачила

Од:

По повод 19 години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила во 2001 година денеска пред нивното спомен одбележје во скопско Волково ќе биде положено цвеќе од делегации од општината и армијата.

На денешен ден во 2001 година во 8 часот наутро воено товарно возило со припадници на безбедносните сили на АРМ нагази две противтенковски мини кај месноста Љуботенски бачила, кога загинуваат осум припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје. Покрај осуммина убиени имаше и осуммина повредени.

Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Случајот Љуботенски бачила не е сосема расветлен.

Македонија за време на војната во 2001-година загуби 75 припадници на безбедносните сили и над 30 цивили.

Би можело да ве интересира

Петровска оддаде почит во спомен на загинатите бранители кај Љуботенски бачила

Одбележани 20 години од загинувањето на армиските припадници кај Љуботенски Бачила

А1он

Делегации од Кабинетот на Претседателот оддадоа почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила

Шекеринска положи венец во спомен на загинатите бранители кај Љуботенски бачила

А1он

Кабинетот на Пендаровски оддаде почит на 8 армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила

А1он

Осумнаесет години од загинувањето на армиските резервисти кај Љуботенски бачила