Деветмина скопјани починаа од Ковид-19, нови 230 заразени и 349 оздравени

Од:

Деветмина жители на Скопје починале во изминатите 24 часа од последици на компликации предизвикани од инфекција со коронавирусот, соопштија здравствените власти. Починатите пациенти од главниот град биле на возраст од 44 до 89 години.

Институтот за јавно здравје во изминатото деноноќие регистрира 230 новозаразени пациенти во Скопје, додека 349 жители на главниот град оздравеле во истиот период.

Бројот на активни случаи на лица заразени со коронавирусот во Скопје сега изнесува 11.553, додека речиси 35.000 (34.919) скопјани се заразиле од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски