Девет сообраќајки за еден ден во Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници, пешак и возач на мопед.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште четири незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција санкционирала шест возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, девет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, четворица возачи кои не го почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 16 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или користеле мобилен телефон при возење и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 73 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на своите активности ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Крсте Мисирков“ кое се наоѓа во населбата Ченто на територијата на општина Гази Баба.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница