Девет сообраќајки во Скопје, патник во автобус и пешак тешко повредени

Од:

Патник во автобус и пешак се потешко повредени во две од вкупно девет сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири полесно се повредени шест лица, а во три е причинета материјална штета.

Во текот на изминатиот ден полицијата презела казнени мерки поради прекршоци кај осум возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и кај 10 возачи кои за време на управување на моторното возило не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се и 28 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 44 возила.

Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ПОУ „Круме Кепески“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја