Девет сообраќајки вчера во Скопје, повредени осум лица

Од:

Осум лица се полесно повредени во пет од вкупно деветте евидентирани сообраќајки на подрачјето на СВР Скопје во изминатите 24 часа. Во четири од несреќите е причинета само материјална штета.

Како што информира денеска МВР, во текот на изминатиот ден се откриени поголем број прекршоци и се санкционирани двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на возила во зона на крстосница, 13 кои биле без возачка дозвола, односно со нерегистриран автомобил, осум кои при возење користеле мобилен телефон, како и 54 за непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 73 возилa.

Како дел од сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ПОУ„Кирил Пејчиновиќ“ во општина „Кисела Вода“.

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ вечер во 20 часот во рамки на квалификациите за Европското првенство ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Исланд.

За непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, МВР најавува дека ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ