Девет лица повредени во верижен судир на патот Гостивар – Кичево

Од:

На магистралниот пат Гостивар – Кичево во близина на асвалтната база „Пелагонија“ вчера се случил верижен судир помеѓу три возила при што повредени се девет лица.

Во сообраќајката учествувале возило „Голф“ управувано од Ф.О. (34), возило „Лупо“ управувано од З.М. (58) и возило „Киа“ управувано од Т.А. (59), сите тројца од Гостивар.

З.М. се здобил со тешка телесна повреда, додека возачот Т.А. и уште седум сопатници од трите возила се здобиле со телесно повреди и сите биле пренесени во медицинскиот центар во Гостивар за укажување на лекарска помош.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на екипа од полициската станица во Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.

Според информациите од СВР Тетово, причина за несреќата било неприлагоденото растојание меѓу возилата, а вкупната материјална штета се проценува на над 300 илјади денари.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица