Девет години не е урната ниту една дивоградба во Струга, а се легализирало и со некомплетна документација

Од:

Девет години во Струга не е урната ниту една дивоградба, а објекти се легализирале и без комплетна документација. Од 2011 година до 2020 година, актуелниот градоначалник Рамиз Мерко, но и ексградоначалникот Зијадин Села, не допреле ниту една дивоградба во градот. Ова се само дел од заклучоците во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Ревизорите утврдиле и дека во регистарот на поднесени барања за утврдување на правен статус на изградени објекти, нема податоци за квадратура на објектите кои се предмет на легализација. Побарале Струга да води и електронски регистар, покрај хартиениот. Исто така, во регистарот нема податоци ниту за бројот на барања и објекти за кои е отпочната постапка. Дополнително е наведено дека Стурга нема градежни инспектори. Во градот до лани имало еден испектор, а моментално се двајца.

„При спроведувањето на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект не се почитуваат законски предвидените рокови за донесување на заклучок за прекин на постапката, урбанистичка согласност за утврдување на правен статус на бесправен објект и решението за утврдување на правен статус на бесправен објект“, стои во уште една од забелешките.

Ревизорите со увид во предметите, утврдиле дека има постапки за легализација на бесправни објекти од значење на Републиката, од локално значење, здравствени установи, објекти изградени на земјиште на кое е предвидена таква градба, бесправни објекти во крајбрежен појас, но и куќи. Анализа на предметите направиле ревизорите.

„Од вкупниот број 10.723 примени барања за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти, решени се 3.049 предмети, одбиени 4.040 предмети, во постапка се 2.775 предмети и 859 предмети се со неодреден статус“, стои во извештајот.

Градоначалникот Мерко, немаш сушстествени забелешки на ваквиот ревизорски извештај. Тој им посочил на ревизорите дека сите препораки ќе бидат применети во Струга.

 

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски