Деведесет години од отварањето на првата аптека во Кавадарци во која работел Васил Хаџиманов

Од:

Во Кавадарци денеска се навршуваат 90 години од отворањето на првата аптека во Кавадарци, во која работел и македонскиот етномузиколог Васил Хаџиманов, информира денеска историчарот Петре Камчевски.

– Аптекарската дејност во Кавадарци започнала со доаѓањето на фармацевтот Бошко Марковиќ и неговата сопруга Лела. Тие во 1927 година во новоизградениот хотел на Петре Камчев – Американецот во приземјето до кафеаната „Југославија“, ја отвориле првата аптека во Кавадарци. Во 1931 година прв дипломиран фармацевт од Кавадарци бил Васил Хаџиманов, кој бил ангажиран да работи како аптекарски помошник во нивната аптека. Кога Бошко Марковиќ го напуштил Кавадарци, непосредно пред Втората светска војна, работењето со аптеката во Кавадарци целосно го презел Васил Хаџиманов, појасни Камчевски, кој е директор на кавадаречкиот музеј.

Мики Камчевски, професор по историја во кавадаречката гимназија, додаде дека Васил Хаџиманов е кавадарчанец кој македонската народна песна ја сочувал од заборав.

– Еден од најголемите и најупорните македонски етномузиколози, мелографи, фолклористи и интерпретатори на македонските народни песни. Најпрвин дипломирал фармација во Загреб, а потоа и магистрирал. Пред да работи како аптекар, едно време бил ангажиран и како наставник по музичко воспитување, соопшти Мики Камчевски.

Васил Хаџи Манов е татко на Зафир Хаџиманов и дедо на Васил Хаџиманов.

Би можело да ве интересира

Велевски: Кавадарци е наш дом, време е за достоинствена иднина, без корупција и крупни бизниси

(ВИДЕО) Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола?

Кавадарчанец ја нападна сопругата, па постави ГПС локатор во нејзиното возило

А1он

Мајка и ќерка се истепале пред ресторан во Кавадарци

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

Јанчев: Подметнат е пожарот на локалитетот Мушов Гроб

Горан Наумовски