Детската градинка „Кочо Рацин“ го прослави својот роденден

Од:

Детската градинка „Кочо Рацин“ од Општина Центар го прослави својот роденден – 48 години успешна згрижувачко-воспитна работа.

Во присуство на голем број гости и родители, градинката ја одбележа и оваа годишнина, во која продолжи со својата воспитно-образовна работа со децата преку учење, дружење, игра и грижа за севкупниот социјален, интелектуален и емоционален развој.

Во Младинскиот културен центар по повод 48 годишнината од постоењето, беше одржана приредбата „Патуваме низ сликовниците на Андерсен“ со што се завршија неколку месечните активности за реализација на овој проект со децата од „Матичниот објект“. На сцената тие се претставија со драматизации и ритмички игри од извадоци на најпознатите приказни на Ханс Кристијан Андерсен. Првиот контакт со градинката воопшто, децата го имаат со сликовниците и преку нив ги сознаваат сите позитивни и негативни карактерни особини кај луѓето, сето добро и зло во светот. Преку нив на сликовит начин им се воочува дека добрината и љубовта во секое срце е основниот и најважен двигател во човековото постоење.

Исто така, посетителите на овој настан имаа можност да ги погледнат и многубројните креативни изработки и макети од попладневните работилници со родителите. Во фоајето на Младинскиот културен центар беа поставени и цртежи, кои беа насликани од доживеаните импресии и впечатоци на децата од посетите на Театарот за деца и младинци, книжарата, библиотеката и Инфо центарот на ЕУ во Скопје.

Во текот на изминатите години, стручниот кадар на градинката оди во чекор со времето, внесувајќи новитети во работата со децата од предучилишната возраст, почитувајќи ги нивните желби, потреби, возраст и талент. Градинката „Кочо Рацин“ и понатаму континуирано ќе продолжи со максимално вложување во сите сегменти на воспитно-образовно, креативно и материјално-инвестиционо делување, со цел да се овозможат квалитетни услови за среќно, безбедно и здраво детство.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории