Детската болница „Козле“ прераснува во универзитетска клиника со проширена дејност

Од:

По повод промената на дејноста, видот и називот на болницата за деца „Козле“ во Скопје, премиерот Димитар Ковачевски денеска ја посети институцијата која со одлука на Владата прерасна во универзитетска клиника.

Во обраќањето тој соопшти дека Владата на седница во октомври донесе одлука со која ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје прераснува во Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје.

Посочи дека со оваа одлука се овозможува проширување на дејноста на оваа здравствена установа преку специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изведување образовна дејност, вршење усовршување на здравствените работници и научно-истражувачка дејност, како и вршење здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изградување и спроведување на стручно-медицински доктринарни критериуми во својата област и укажување стручно -методолошка помош на здравствените установи од соодветната гранка на медицината.

-Повеќе од 70 години, “Козле” е симбол на професионалност и грижа за децата и со проширување на дејноста тоа заслужено се надградува и се отвораат можности за натамошен развој на оваа установа, рече Ковачевски.

Се очекува дека со одлуката за промена на дејноста на оваа здравствена установа ќе се добие побрзо и поефикасно дијагностицирање, третман и лекување на пациентите и ќе се намали притисокот кон други установи, со што ќе се обезбеди подостапна и поквалитетна здравствена заштита за пациентите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ја доведоа во прашање работата на детската клиника „Козле“ после 40 години

Горан Наумовски

Пожар избувна во Козле зад Детската клиника за белодробни заболувања

Еден случај на голема кашлица во „Козле“, едно дете хоспитализирано со Ковид-19

Дел од децата од болницата во Козле кои биле во допир со сомнителните случаи на туберкулоза утре ќе одат на скрининг

Ана Ололовска

Околу 200 деца во државава досега биле заразени од коронавирусот, сите со лесни симптоми

А1он

Детската болница Козле од денеска прима пациенти со Ковид-19, на располагање се 75 места

А1он