Детската болница „Козле“ доби 10 прочистувачи на воздух

Од:

Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле доби 10 најсовремени прочистувачи на воздух што ги обезбеди граѓанското здружение „Ротари клуб Скопје – Интернационал“. Видот и бројот на набавените апарати е утврден од страна на болницата, водејќи сметка пред сѐ да се овозможи прочистување на воздухот во просториите каде престојуваат пациентите.

– Ваквите вложувања нѝ помагаат да го достигнеме посакуваното ниво на услови за престој на децата – пациенти во нашата здравствена установа. Оваа донација доаѓа во вистинско време, кога нивото на загадување на водухот е високо, што ѝ дава специфична тежина и значење. Порадитоа сите ние сме особено благодарни, изјави директорот на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле, д-р Ангелчо Андоновски, при примопредавањето на апаратите.

Оваа донацијата има двојно значење. Основната цел е да се создадат подобри услови за пациентите, но истовремено и да се испрати порака дека неопходно е да се најде долгорочно, системско решение за елиминирање на загадувањето на воздухот во целата земја, во кое сите треба да дадеме сопствен придонес.

Средствата за набавка на апаратите за прочистување на воздухот се обезбедени преку лични донации од членовите наклубот.

– Определбата на членовите на нашето здружение да донираат средства за потребите на заедницата е искрена и долгорочна.Особено сме среќни кога тие средства одат во обезбедување добри услови за третман и здравствена заштита на најмладите, изјави проф. д-р Неда Здравева, претседателка на Ротари Клуб Скопје – Интернационал.

ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата – Козле е единствена јавна болничка установа во земјава, специјализирана за лекување на деца од 0 – 16 години и може да згрижи околу 100 пациенти.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните