Детска олимпијада за најмладите од предучилишна возраст во Кочани

Од:

Над 200 деца од предучилишна возраст од четирите објекти на градинката „Павлина Велјанова“ од Кочани учествуваа на Детската олимпијада, што се одржа петта година по ред. Тие се натпреваруваа во пет спортски дисциплини прилагодени на нивната возрасна категорија.

– Детската олимпијада ја организираме како заокружување на спортските активности што се реализираат на текот на целата воспитна година. Главна цел ни е кај децата да развиеме љубов кон спортот и спортски натпреварувачки дух, но и да ги постигнеме стандардите за рано учење и развој, истакна директорката на детската градинка „Павлина Велјанова“, Лидија Серафимова.

Детската олимпијада е замислена како можност за постигнување високо на ниво на моторички здрав интелектуален развој кај најмладите, а што треба да иницира спортски навики и подобра здравствена култура.

Манифестацијата беше под покровителство на Локалната самоуправа, а во соработка со Општинскиот спортски актив од Кочани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат